• недела, 22 декември 2024

Израел ги повика Шпанија и Ирска да го повлечат признавњето на палестинската држава

Израел ги повика Шпанија и Ирска да го повлечат признавњето на палестинската држава

Ерусалим, 2 септември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац денеска ги повика Шпанија и Ирска да го повлечат признавањето на палестинската држава, наведувајќи ја неодамнешната смрт на шестмина заложници во Појасот Газа како предупредување.

„Палестинската држава ќе биде контролирана од Хамас поддржан од Иран и ќе стане радикална исламистичка диктатура која му се заканува на Израел и на умерените држави во регионот“, напиша Кац на социјалните мрежи.

Тој ги повика шпанскиот и ирскиот премиер, Педро Санчез и Сајмон Харис, да го преиспитаат „опасниот чекор“ што го презедоа во признавањето на палестинската државност во мај.

Израелскиот министер за надворешни работи ги даде коментарите откако вчера вооружените сили на земјата објавија дека пронашле тела на шест заложници во Појасот Газа.

На 28 мај, Шпанија, Ирска и Норвешка формално ја признаа палестинската државност, одлука што наиде на критики од израелските политичари. Оттогаш, Кац постојано ги критикуваше трите влади за нивниот став.

Девет европски земји во моментов ја признаваат палестинската држава: Бугарија, Полска, Чешката Република, Романија, Словачка, Унгарија, Кипар, Малта и Шведска, заедно со речиси сите арапски нации и земји историски поврзани со Движењето на неврзаните. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан