• четврток, 30 мај 2024

Израелски функционер вели дека планот е Иран да погодува кога ќе биде одговорот од Израел

Израелски функционер вели дека планот е Иран да погодува кога ќе биде одговорот од Израел

Тел Авив, 16 април 2024 (МИА) – Израелскиот воен кабинет денеска за ручек се состана во намален состав за да разговара за одговорот на иранскиот ракетен и напад со беспилотни летала, изјави израелски извор за Тајмс оф Израел,.

Засега, размислувањето на Израел е дека нема штета во тоа Иран да погодува со одложувањето на потенцијалниот одговор. Нека бидат вознемирени, рекол израелскиот извор.

- Одговорот може да биде во Иран или надвор од Иран, навел изворот.

Мнозинската позиција во кабинетот е дека Израел треба силно да одговори на иранскиот напад без преседан. јт/

Остани поврзан