• сабота, 27 јули 2024

Израелски командант вели дека денешниот ден бил најинтензивниот ден на борби од почетокот на конфликтот со Хамас

Израелски командант вели дека денешниот ден бил најинтензивниот ден на борби од почетокот на конфликтот со Хамас

Ерусалим, 5 декември 2023 (МИА) - Висок израелски воен командант изјави дека денешниот ден бил најинтензивниот ден на борби од почетокот на војната со Хамас.

Израелските воени авиони бомбардираа со стотици бомби и друга муниција.

„Денеска е најинтензивниот ден на борби од почетокот на израелската копнена операција“ во Појасот Газа, изјави генерал-мајор Јарон Финкелман, шеф на Јужната команда на израелската армија.

Тој рече дека имало борби во Џабалија, северна Газа и во источниот град Шуџаја, а во моментов се водат борби во Кан Јунис, во јужниот дел на енклавата. зш/
фопто ЕПА

Остани поврзан