Израелски безбедносен извор вели дека 13 заложници им се предадени на израелските сили
- Израелски безбедносен извор денеска изјави дека 13 израелски заложници кои биле во Појасот Газа се предадени на израелски безбедносни служби.

Тел Авив, 24 ноември 2023 (МИА) - Израелски безбедносен извор денеска изјави дека 13 израелски заложници кои биле во Појасот Газа се предадени на израелски безбедносни служби.
-Тринаесетте израелски заложници сега се кај израелските безбедносни служби (Шин Бет), откако беа ослободени на првиот ден од четиридневното примирје во Појасот Газа, изјави извор од израелските безбедносни служби. мс/
фото: МИА архива