• понеделник, 23 декември 2024

Израелските сили убија двајца Палестинци во Наблус

Израелските сили убија двајца Палестинци во Наблус

Наблус, 7 јули 2023 (МИА) - Двајца млади Палестинци беа убиени откако израелските сили упаднаа во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, соопштија официјални лица.

Палестинската Црвена полумесечина во петокот соопшти дека нејзините тимови „ги пренеле телата на двајца мажи од Стариот град Наблус“. Уште три лица се повредени.

Според палестинските медиуми, двете убиени млади момчиња се Хамза Макбул и Каири Шахин. Израелските сили ја опколиле куќата пред да пукаат кон мажите.

Лицата, според израелската војска, се осомничени дека пукале во полицијата оваа недела. 

Инцидентот се случил пред неполни два дена откако израелската војска го нападна бегалскиот камп Џенин, при што загинаа 12 Палестинци, а 140 беа ранети, од кои 30 тешко.

Нападот, кој принуди илјадници луѓе да го напуштат кампот, кој беше оставен во урнатини, беше најголемиот на Израел на Западниот Брег во повеќе од 20 години.

Израел напаѓа и убива Палестинци на Западниот Брег на речиси секојдневна основа од јуни 2021 година, во обид да го задуши растечкиот вооружен отпор. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан