• сабота, 20 јули 2024

Израелските војници убија најмалку шестмина Палестинци во Западен Брег

Израелските војници убија најмалку шестмина Палестинци во Западен Брег

Ерусалим, 26 ноември 2023 (МИА) – Израелските сили доцна синоќа и рано утринава застрелаа шест Палестинци, меѓу кои и малолетник, во окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Петмина Палестинци загинаа во градот Џенин, а шестиот во Јатма, село во близина на градот Наблус. Во инцидентот во Џенин повредени се шест Палестинци.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека израелските сили го нападнале Џенин и ги опколиле владините болници и седиштето на Црвената полумесечина.

Насилството на Западниот Брег се зголеми по почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Според палестинското Министерство за здравство, во Западен Брег досега израелските војници и доселеници убиле 230 Палестинци. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан