• среда, 06 ноември 2024

Израелскиот Висок суд го одложи спроведувањето на законот со кој се отежнува импичментот против премиерот Нетанјаху

Израелскиот Висок суд го одложи спроведувањето на законот со кој се отежнува импичментот против премиерот Нетанјаху

Тел Авив, 4 јануари 2024 (МИА) – Со шест наспроти поет гласа на судиите израелскиот Висок суд одлучи да го одложи спроведувањето на законот за импичмент, усвоен во март, што го штити премиерот Бенјамин Нетанјаху од наредбата на јавниот обвинител или од Високиот суд да се повлече од функцијата. .

Судот одлучи дека законот ќе стапи на сила на почетокот на следниот мандат на Кнесет, по следните избори, пишува „Тајмс оф Изрзаел“.

Иако не го брише, судот во својата одлука наведува дека законот за изземање или дисквалификација е „очигледно лична измена“ на Основниот закон за владата.

Целта на Законот за изземање е да спречи ситуација во која државниот обвинител би можел да го обвини Нетанјаху за конфликт на интереси како премиер кога се занимава со контроверзните владини закони за судска ревизија и да му нареди да се повлече.

Владините контролни групи наведуваат дека судската ревизија може да влијае врз тековното судење за корупција против Нетанјаху.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан