• петок, 05 декември 2025

Израелска делегација во Каиро на разговори за заложниците

Израелска делегација во Каиро на разговори за заложниците

Каиро, 29 април 2025 (МИА) – Израелски преговарачки тим за заложници, предводен од министерот за стратешки прашања Рон Дермер, синоќа пристигна во Каиро, соопшти арапски функционер за „Тајмс оф Израел“.

Дермер синоќа се сретнал со шефот на египетското разузнавање Хасан Рашад за да дискутираат за разговорите за заложниците и борбите во Газа, јавија египетските медиуми.

Тимот останува во Египет, и покрај оптимистичките извештаи во арапските медиуми. Израелските претставници продолжуваат да негираат дека има некаков поголем напредок. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан