Израелската влада прогласи вонредна состојба во целата земја
- Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.

Тел Авив, 23 септември 2024 (МИА) - Израелската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја денеска по драматичното интензивирање на борбите меѓу израелската војска и Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.
Израелските медиуми соопштија дека декларацијата ќе трае до 30 септември и значи, меѓу другото, дека големината на собирите може да биде ограничена. Сепак, досега армијата сè уште нема објавено нови инструкции. мс/
фото: МИА архива