Мелони се сретна со Трамп на маргините на самитот Г7 во Канада
- Мелони на средбата ја нагласила потребата од постигнување прекин на огнот во Појасот Газа. Дополнително, разговарано било и за важноста од напредок во трговските преговори меѓу ЕУ и САД, како и за подготовките за претстојниот самит на НАТО во Хаг.

Отава, 17 јуни 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони оствари билатерална средба со претседателот на САД Доналд Трамп, на маргините на Самитот Г7 во Канада, пред неговото рано заминување.
„Средбата беше можност за разговор за најновите случувања во Иран, при што беше потврдено дека е потребно повторно отворање на преговорите“, соопшти кабинетот на Мелони, пренесе агенцијата АНСА.
Мелони на средбата ја нагласила потребата од постигнување прекин на огнот во Појасот Газа.
Дополнително, разговарано било и за важноста од напредок во трговските преговори меѓу ЕУ и САД, како и за подготовките за претстојниот самит на НАТО во Хаг. ссм/
фото: ЕПА