• четврток, 21 ноември 2024

Израелската армија во контролирана експлозија уништи резерви на оружје на Хезболах

Израелската армија во контролирана експлозија уништи резерви на оружје на Хезболах

Тел Авив, 26 октомври 2024 (МИА) – Во северниот дел на Израел утрово беа издадени предупредувања за земјотрес по контролираната експлозија на резерви на оружје на либанската милитантна група Хезболах од страна на израелските сили.

Израелската метеоролошка служба соопшти дека издала предупредување за земјотреси откако мерните уреди регистрирале земјотрес по поголема контролирана експлозија што утринава била извршена на северот на Израел, пренесе порталот Инет.

Во експлозијата биле уништени резерви на оружје на Хезболах, се вели во соопштението. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан