• недела, 22 декември 2024

Изработена проектна документација за изградба на дел од Кадино во Општина Илинден

Изработена проектна документација за изградба на дел од Кадино во Општина Илинден

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на реализација на проектот за изградба на фекална канализација во Општина Илинден, изготвена е целосно нова проектна документација за изградба на колекторски систем за дел од фекална канализација во населено место Кадино.

Оваа проектна документација, како што информираат од Општина Илинден, предвидува изградба на примарна и секундарна колекторска мрежа за фекална канализација во вкупна должина од околу 11 000 метри, како и два препумпни уреди. Примарната и секундарната канализација се планира преку потисен цевковод да се поврзе во веќе изградената пречистителна станица во Кадино.

-Оваа фекална канализација ги опфаќа домаќинствата од населеното место Кадино кои се наоѓаат на источниот и јужниот дел од ова населено место и во моментов тие немаат канализација. Проектната документација беше презентирана од страна на проектантската куќа пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници на ЈКП „Водовод“-Илинден, како и стручни служби од општинската администрација. Со комплетирање на оваа проектна документација се создадени услови за имплементирање на овој проект што ќе се реализира во наредниот период, инфомираат од Општина Илинден. дма/лв/

Фото: Општина Илинден

 

 

 

 

 

Општина Или

Остани поврзан