• понеделник, 01 јули 2024

Изминатата недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила

Изминатата недела санкционирани 136 непрописно паркирани возила
Скопје, 26 јануари 2021 (МИА) – Изминатата недела се санкционирани 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар. Како што стои во соопштението, во периодот од 18 до 24 јануари 2021 година, со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 69 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани. Од ЈП ПОЦ и Општина Центар дополнуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците. ар/ац/

Остани поврзан