• сабота, 23 ноември 2024

Изложба посветена на принцезата Дијана во Лас Вегас

Изложба посветена на принцезата Дијана во Лас Вегас

Лас Вегас, 2 септември 2022 (МИА) - Нова изложба посветена на животот на покојната британска принцеза Дијана се отвора денеска во Лас Вегас, САД, неколку дена по 25-годишнината од нејзината смрт во сообраќајната несреќа во Париз, Франција.

„Принцезата Дијана: Изложба со посвета“ содржи повеќе од 700 оригинални лични предмети на принцезата, вклучувајќи вечерни тоалети и други артефакти. Една од главните атракции е репликата на венчаницата на Дијана направена од белгиската уметница Изабел де Боршграв. Дејвид Корели, куратор и одговорен за изложбата, рече дека просторот за венчавки на изложбата ги инспирирал креаторите да им нудат на гостите пакети за нивните сопствени свадби во просторијата „Свадбата на векот“, што ќе ја вклучува целата церемонија и приватна вечера - меѓу кралските сувенири... „Лас Вегас е главен град на свадбите во светот. Секоја година во градот се одржуваат 120.000 венчавки. Така, тука ја имаме оваа одлична соба што ја слави најпознатата венчавка на сите времиња, со неверојатните артефакти коишто ве опкружуваат“, рече Корели. Изложбата не ја претставува само принцезата Дијана. Изложени се и предмети поврзани со принцот Чарлс, принцовите Вилијам и Хари, а има и предмети поврзани со кралицата Викторија од 19. век.  си/

Остани поврзан