• сабота, 06 декември 2025

Изложба „Париски цртан филм" на Јана Манева - Чупоска во Кинотека

Изложба „Париски цртан филм

Скопје, 15 март 2024 (МИА) -  Изложба насловена „Париски цртан филм“ на Јана Манева - Чупоска ќе биде отворена вечерва во фоајето на Кинотека, со почеток во 21:30 часот. 

Изложбата се состои од цртежи изработени на триесет метри цртачка хартија, во техника јаглен во форма на филмска лента.

- Оваа изложба е создадена во 2023 година во македонското ателје при меѓународниот центар во Париз (Cite Internationale des arts). Лични импресии, додадени соништа, реални и нереални форми и облици кои ја креираат реалната и уметниковата рефлексија од градот Париз. Француска историја, француска гастрономија, француска мода. Париски соништа, вели авторката на изложбата.

Изложбата е дел од Неделата на франкофонскиот филм. ир/мд/

Остани поврзан