• понеделник, 24 јуни 2024

Изложба на фотографии од Црвен крст во Музеј галеријата во Кавадарци 

Изложба на фотографии од Црвен крст во Музеј галеријата во Кавадарци 

Кавадарци, 29 мај 2024 (МИА) - Изложба на фотографии од Црвен крст беше отворена денеска во Музеј галеријата во Кавадарци. 

- По повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во град Скопје, во октомври 2023 година во организација на Црвен крст на РСМ беше организиран настан, симулациска показна вежба  ,,Хуманитарен одговор 2023 ". На оваа изложба се изложени сликите од таа  вежба, појасни Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст, заблагодарувајќи се на сите соработници на оваа хуманитарна организација. 

Тој проговори за многубројните хумани и солидарни акции на Црвениот крст, на национално и регионално ниво, нагласувајќи го придонесот на сите волонтери, особено на младите. 

Пред присутните се обрати и директорот на музејот, Јаким Зимоски. свд/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан