• четврток, 27 јуни 2024

Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски

Изложба на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Во ЈУ Културно информативен центар - Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики, цртежи и принтови од Суире Магали Симоне и Сергеј Јордановски, информираат оттаму.

- Изложбата на ликовните уметници Суире Магали Симоне од Франција и Сергеј Јордановски од Македонија е во рамките на меѓународниот уметнички проект на вмрежени градови од Европа - „КРЕАРТ - Уметник во престој“, поддржана од Градот Скопје како еден од градовите - учесници, пишува во соопштението.

Според најавата, авторите на изложбата ќе се претстават со 20 дела, создадени во просториите на уметничкото атеље на ЈУ КИЦ - Скопје. бд/лв/

Фото: Културно информативен центар - Скопје

Остани поврзан