• недела, 22 декември 2024

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во прва година пополнети 44 од предвидените 340 ученички места

Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа во прва година пополнети 44 од предвидените 340 ученички места

Дебар, 27 јуни 2024 (МИА) – Во гимназиите „28 Ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во првото пријавување од првиот уписен рок, во прва година запишани се 44 ученици, од нив 29 во Дебар и 15 во Центар Жупа.

-Во нашата образовна институција, во првото пријавување за упис во прва година за учебната 2024/25 година пријавени беа 40 завршени основци, од кои 28 за паралелките на албански и 12 на македонски наставен јазик. Од нив запишани се 20 за албански и 9 за македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.

Во оваа гимназија право на упис имаат 272 ученика, од нив 102 за паралелките со настава на македонски наставен јазик, две во Дебар и една паралелка во село Могорче. На албански наставен јазик 170 ученици, во пет паралелки, сите во Дебар.

-Во прва година, во гимназијата АТА, во првото пријавување запишани се 15 ученици од нив 11 на турски и 4 на македонски наставен јазик. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, Сабри Асан, директор на гимназијата.

Од двете установи потсетуваат дека второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули и порачуваат дека доколку учениците се соочуваат со проблеми во пријавувањето да се обратат кај соодветните комисии за упис. вт/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан