• петок, 05 декември 2025

Изложба на дела од работилниците на фестивалот „Зрно 2025“

Изложба на дела од работилниците на фестивалот „Зрно 2025“

Скопје, 27 октомври 2025 (МИА – Во Културно-информативниот центар во Скопје, денеска ќе биде отворена изложба на дела создадени на работилниците на фестивалот „Зрно 2025“, каде учесниците работеа со различни благородни фотографски процеси – цијанотипија, „Van Dyke Brown“, мокар колодиум, фотограм, лумен принт, напредна црно бела фотографија, фоџо, гумотипија

Како што стои во соопштението на КИЦ, фотографиите претставуваат спој на експеримент, занает и современ авторски израз – сведоштво за живата енергија на аналогната сцена во регионот.

Мал дел од изложбата е посветен и на оживувањето на оригиналните негативи на браќата Манаки, реализирано во соработка со Државниот архив на Македонија – одделение Битола, како омаж на пионерите на фотографијата на овие простори.

Посетете ја изложбата и откријте како минатото и современоста се спојуваат преку светлина, хартија и хемија. ра/мд/

Фото: „Зрно“

 

Остани поврзан