Изложба на дела од колонијата „Куманово 2024“ во НУ Музеј-Куманово
- Кумановци, денеска ќе имаат можност да ги разгледаат делата од интернационалната ликовна колонија „Куманово 2024“, информираа денеска од НУ Музеј Куманово. Отворањето на изложбата е во 12 часот во лапидариумот на НУ Музеј-Куманово.
Куманово, 30 септември 2025 (МИА) - Кумановци, денеска ќе имаат можност да ги разгледаат делата од интернационалната ликовна колонија „Куманово 2024“, информираа денеска од НУ Музеј Куманово. Отворањето на изложбата е во 12 часот во лапидариумот на НУ Музеј-Куманово.
Љубителите на уметноста ќе имаат можност да ги разгледаат дваесетте дела од минатогодишната колонија која се одржа во комплексот Етно-село Тимчевски од десет автори од земјава и од пет држави од регионот.
- Десетте академски уметници, лани учествуваа на 50-тото издание на колонијата. Ангел Коруновски и Валентина Илијевска од Македонија, Милош Шариќ, Марин Милутиновиќ и Никола Марковиќ од Србија, Здравко Милиќ и Јосипа Чамбер од Хрватска, Цветка Хојник од Словенија и Костин Братиану од Романија. Ги повикувам сите да ги разгледаат делата, изјави Драгана Спасковска, од НУ Музеј Куманово.
Изложбата е дел од програмските активности на НУ Музеј-Куманово и е реализирана со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.
Колонијата, формирана во 1974 година, и денес бележи континуитет во работата, претставувајќи простор за размена на идеи, инспирација и дијалог помеѓу уметници од различни средини. ам/вј/
Фото: Плакат