Изложба на Ана Митевска во Музеј на Град Скопје со хуманитарен дел
- Секој посетител ќе има можност да добие оригинални принтови од делата на Митевска, донирајќи парични средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која боледува од ретка болест, пишува во соопштението.
Скопје, 14 март 2024 (МИА) - Во Музејот на Град Скопје, вечер во 19.30 часот, Ана Митевска ќе ја претстави својата најнова изложба „Приказни во тиркиз - извор на животот“. Секое нејзино платно раскажува уникатна приказна и преку живописните тиркизни тонови ги поканува гледачите да се нурнат во безграничниот свет на уметничката креативност, се наведува во соопштението на Музејот.
- Оваа уметничка авантура ќе биде отворен повик за интроспекција и слободно толкување, како и своевидна подигната завеса кон имагинацијата. Во делата на Ана, тиркизот не е само боја, туку комплетно патување низ хоризонтите на апстрактната креативност, а нешто повеќе за ова патување на изложбата ќе каже и кураторката Гордана Велков, се додава во соопштението.
Како што се истакнува во соопштението, изложбата ќе има и хуманитарен аспект.
- Секој посетител ќе има можност да добие оригинални принтови од делата на Митевска, донирајќи парични средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која боледува од ретка болест, пишува во соопштението. бд/са/
Фото: Музеј на Град Скопје