• понеделник, 14 октомври 2024

Изложба „Креативна дисхармонија“ на Бранкица Јордановска, Ертунч Сали и Сања Симоска

Изложба „Креативна дисхармонија“ на Бранкица Јордановска, Ертунч Сали и Сања Симоска

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Во Монтажна галерија на Центарот за современи уметности во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Креативна дисхармонија“ на Бранкица Јордановска, Ертунч Сали и Сања Симоска, во организација на Центарот за современи уметности.

-„Креативна дисхармонија“ е изложба што ја отстранува завесата на мистеријата и му овозможува на гледачот интимен пристап до уметничкиот процес на Бранкица Јордановска, Ертунч Сали и Сања Симоска, тројца млади уметници кои иако имаат уникатни стилови и визии, споделуваат длабок восхит кон самиот процес на создавање на уметноста, се вели во соопштението до јавноста.

Овој настан, како што потенцираат во соопштение, им овозможува на посетителите не само да го набљудуваат крајниот резултат, туку и да го следат патувањето на создавањето. Гледачите ќе бидат сведоци на моментите на експериментирање, спонтаност, и изливи на емоции што се јавуваат во текот на работата. Преку оваа интеракција, „Креативна дисхармонија“ не само што ги покажува техниките и алатките што уметниците ги користат, туку и ги разоткрива внатрешните борби, откритијата и моментите на одлука што го водат процесот на создавање.

Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура и туризам.бт/дма/

Фото: плакат

 

Остани поврзан