Изложба „Дијагноза“ на Драган Неделчевски во галерија „КО-РА“
- Во големиот салон на галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, вечер, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Дијагноза“ на фотографот Драган Неделчевски.

Скопје, 8 ноември 2022 (МИА) - Во големиот салон на галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, вечер, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Дијагноза“ на фотографот Драган Неделчевски.
-Драги Неделчевски е роден во 1958 година во Тетово, каде што живее и работи. По образование е дипломиран правник, а активен фотограф е повеќе од 40 години. Негов примарен интерес во фотографијата е документарната фотографија. Повеќепати е наградуван на многубројни домашни и меѓународни изложби на фотографија. Носител е на звање фотограф I класа што го доделува Фото сојузот на Македонија, информираат од галеријата „КО-РА“. ир/мд/