• сабота, 21 декември 2024

Изградена патека до муслиманските гробишта во Берово

Изградена патека до муслиманските гробишта во Берово
Берово, 9 ноември 2021 (МИА) - Се решава проблемот со пристапност до муслиманските гробишта во Берово. За таа цел со поддршка на невладината органицација „Дуј Амала” и Општина Берово, изградена е патека со бехатон плочки покрај муслиманските гробишта во Берово. - Се реализираат активностите на невладиниот сектор, финансирани преку повикот за финансирање на невладини организации за 2021 година, преку кој на Здружението на граѓани „Дуј Амала”, доделени се вкупно 90 илјади денари за изградба на пристапна патека. Со реализацијата на овој проект, општина Берово уште еднаш ја потврдува поддршката, како и блиската соработка со невладиниот сектор и во исто време се потврдува јакнење на капацитетот на овој сектор, истакнаа од Општината. Реализацијата на овој проект, појаснуваат, ќе придонесе за уредување на градот и олеснување на пристапот на жителите од овој дел од градот до муслиманските гробишта. Од општината посочија дека согласно одлуката за критериуми и постапката за распределба на средства за финансирање на проектот за креирање на подобрни инфраструктурни услови за олеснет пристап на муслиманските гробишта во Берово, покрај издвоените 90 илјади денари од Општинскиот буџет, останатите средства во износ од околу 100 илјади денари се обезбедени преку Муслиманската верска заедница. вс/цр    

Остани поврзан