Изгоре автомобил кај Струмица
- Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица. Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
![Изгоре автомобил кај Струмица](https://mia.mk/images/20230801141215_big_730x400_58.webp )
Струмица, 1 август 2023 (МИА) - Денеска во 09:30 часот изгоре автомобил на патот меѓу селата Муртино и Сачево, кај Струмица.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, во гаснењето на автомобилот учествувале едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
Пожарот бил во разгорена фаза при што било спречено негово натамошно ширење, но причинета е значителна материјална штета.
Според првичните сознанија пожарот настанал од самозапалување на автомобилот. рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица