Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
- Попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско, кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица од Струмица.

Струмица, 18 април 2025 (МИА) - Попладнево во 17:50 часот изгоре автомобил во селото Банско кај Струмица, информираа од Територијалана противпожарна единица од Струмица.
Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
- Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот се испитуваат. рт/бак/
Фото: ТППЕ Струмица