• вторник, 24 декември 2024

Изгаснат пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Изгаснат пожар во подрумските простории од зградата на Општина Тетово

Тетово, 6 октомври 2024 (МИА) - Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово.  Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари. 

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси. ас/дма/


Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан