Извозот на турската одбранбена индустрија минатата година достигна рекордни 7,2 милијарди долари
- Извозот на турскиот одбранбен и воздушно-вселенски сектор минатата година изнесуваше рекордни 7,2 милијарди долари, што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со претходната година, соопшти раководителот на Секретаријатот за турската одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, пренесува Анадолија.
Анкара, 5 јануари 2025 (МИА) - Извозот на турскиот одбранбен и воздушно-вселенски сектор минатата година изнесуваше рекордни 7,2 милијарди долари, што претставува зголемување од 29 проценти во споредба со претходната година, соопшти раководителот на Секретаријатот за турската одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, пренесува Анадолија.
Овој резултат за 11 отсто ја надмина годишната цел за извоз од 6,5 милијарди долари. Според Ѓоргун, меѓународната соработка им овозможила на турските компании извоз на нивните производи низ светот.
- Одбранбената индустрија е посветена на иновациите и отворање нови хоризонти. Ќе продолжиме да ги надминуваме рекордите и да ја унапредуваме технолошката моќ на Турција, изјави Ѓоргун.
Фокусот останува на зачувување на позитивниот тренд и зголемување на извозот на производи со висока додадена вредност. - Во 2025 година ќе продолжиме со истата решителност за постигнување одржлив раст, додаде тој. ссм/
фото: архива