• недела, 22 декември 2024

Извештај на ЕК: Ограничен напредок во животната средина и климатските промени

Извештај на ЕК: Ограничен напредок во животната средина и климатските промени

Скопје, 2 ноември 2024 (МИА) - Извештајот на Европската комисија за напредок на земјава по поглавјето 27: Животна средина и климатски промени нотира дека соочување со значајни предизвици во усогласувањето со директивите на ЕУ. Недостигот на специјализиран персонал и слабиот институционален капацитет ја поткопуваат контролата на квалитетот и соодветното извршување на проценката на влијанието врз животната средина. Иако се направени одредени чекори напред, потребни се значајни реформи и подобрувања во различни сектори, вклучувајќи го управувањето со отпадот, квалитетот на воздухот, заштитата на природата и климатските промени.

Во делот на животна средина, Извештајот покажува дека Северна Македонија не е целосно усогласена со Директивите за проценка на влијанието врз животната средина што негативно влијае на сите други сектори. Недостигот на специјализиран персонал и слабиот институционален капацитет ја поткопуваат контролата на квалитетот и соодветното извршување на проценката на влијанието врз животната средина. Ова, како што наведуваат, води до одобрување на инфраструктурни проекти без темелно разгледување на влијанието врз животната средина. 

- Од усвојувањето на Законот за инспекција во април 2022 година, не е започнат процес на реформи за поефикасен систем за спроведување на законодавството за животната средина. Македонија треба да обезбеди формирање на институционална структура која ќе обезбеди координирано и стратешко планирање за инвестиции во животната средина, како и квалитетот на подготовката и спроведувањето на инфраструктурните инвестиции, вклучувајќи ја транспарентноста на процедурите, усогласеноста со регулативите на ЕУ и други елементи на хоризонталното право, стои во Извештајот.

Се дополнува дека директивите на ЕУ за еколошка одговорност и за еколошки криминал, исто така, не се целосно усогласени и е нагласено дека Македонија треба да обезбеди дека мониторингот на животната средина ги исполнува стандардите на ЕУ.

Ограничен напредок во квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот и водите, како и заштита на природата

Многу ограничен напредок Извештајот нотира и во однос на квалитетот на воздухот. Постоечкиот систем за мониторинг и структурите задолжени за собирање и обработка на податоци бараат засилување. Од ЕК велат дека автоматската мрежа за следење беше одржувана, но капацитетите се екстремно ниски, а процесот на дефинирање на зони и агломерации треба да се заврши. 

Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2022 година имало 108 денови со загаден воздух, односно, надминување н

Во извештајниот период наведуваат дека беше развиена карта за циркуларна економија и подготвена нова стратегија за управување со отпадот. Сепак, имплементацијата останува значаен предизвик, со одвојувањето и рециклирањето на комуналниот отпад на несоодветно ниво. Активностите за санација на Органската хемиска индустрија Скопје (OHIS) напредуваат.

Правната и политичката рамка за интегрирано управување со водите, според ЕК, е на место, но не е постигнат напредок. Потребно е забрзување на напредокот кон справување со загадувањето од точкести извори и подобрување на мониторингот на квалитетот и количината на водите. 

- Земјата треба да го зајакне системот за инспекција и санкции и да го зајакне моделот на финансирање на секторот, градејќи врз принципите на загадувачот плаќа и целосно надоместување на трошоците, стои во Извештајот.

Во делот на заштита на природата, се наведува дека Македонија треба да усвои нов закон за природата и да продолжи со активностите за идентификување на потенцијалните Натура 2000 локации. Недостигот на одржливо финансирање и административен капацитет и тука останува важен предизвик, иако за прв пат се доделени средства од националниот буџет за поддршка на управувањето со четири национални паркови. 

Посочен е одреден напредок во шумарството со ревидирање на Стратегијата за одржлив развој на шумите и развој на националниот инвентар на шумите. Сепак, без конечно усвојување на законодавството и неговото спроведување, од ЕК велат дека потребните реформи нема да бидат постигнати.

Климатските промени условени од недостиг на административен капацитет и меѓуинституционална координација 

Извештајот нотира дека идустриското загадување и управувањето со ризикот се во рана фаза на усогласување, а законот за индустриски емисии допрва треба да се усвои. Нема развој во областа на хемикалиите и загадувањето со бучава. 

null

Во делот на граѓанска заштита, се наведува дека Македонија треба да ја подобри својата отпорност на кризи преку превенција и подготвеност, користејќи го научното партнерство за природни непогоди и поврзувајќи го националниот систем за комуникација при итни случаи со Заедничкиот систем за комуникација и информации на Европската комисија (CECIS). 

Што се однесува до климатски промени, Извештајот не забележува напредок, нагласувајќи дека Законот за климатска акција треба допрва да се усвои. 

- Сè уште треба да се усвои ажуриран национален план за енергија и клима и долгорочна стратегија за климатска акција заедно со целта за климатска неутралност до 2050 година. Националниот систем за инвентаризација на стакленички гасови исто така бара операционализација. Северна Македонија треба целосно да го спроведе пакетот за воведување на цените на јаглеродот до декември 2025 година и да се усогласи со ЕУ. Исто така, треба да подготви и поднесе нов национален одреден придонес, според Парискиот договор и да се усогласи со неодамнешните ажурирања на климатската политика на ЕУ во рамките на пакетот „Подготвени за 55“. 

Дополнуваат дека не постои административен капацитет во Министерството за животна средина и просторно планирање за секторот, а меѓуинституционалната координација е во почетна фаза. ар/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан