• среда, 17 јули 2024

Известувачот на ОН во Авганистан повика на укинување на ограничувањата за жените

Известувачот на ОН во Авганистан повика на укинување на ограничувањата за жените

Исламабад, 26 МАЈ (МИА) - Специјалниот известувач на ОН за човекови права во Авганистан Ричард Бенет денеска ги повика талибанските власти да ги укинат ограничувањата за жените.

За време на единаесетдневната посета, Бенет разговараше со талибанските лидери и се сретна со граѓански организации, активисти и малцинските заедници.

„Изразив сериозна загриженост за влошувањето на човековите права ширум земјата, а отстранувањето на жените од јавниот живот е особено загрижувачко“, рече Бенет, повикувајќи ги талибанските власти „веднаш да ги укинат одлуките и директивите кои негативно влијаат врз жените“.

Претходно оваа недела, Советот за безбедност на ОН ги повика талибанците „итно да ги укинат“ мерките кои го ограничуваат пристапот на девојчињата до образование, како и ограничувањата на вработувањето на жените и слободата на движење.

Советот за безбедност повика и на „целосно, еднакво и значително учество“ на авганистанските жени во јавниот живот. Во последните недели талибанските власти одлучија дека сите жени мора да го покриваат лицето освен очите и го забранија образованието на девојчињата по шесто одделение. паг/

Остани поврзан