• четврток, 25 јули 2024

Избран првиот носител на олимпискиот факел за Игрите 2024 во Париз

Избран првиот носител на олимпискиот факел за Игрите 2024 во Париз

Париз, 22 ноември 2023 (МИА) – Грчкиот олимписки првак во веслање Стефанос Дускос ќе биде првиот носител на факелот за Олимписките игри во Париз 2024, соопшти денеска Олимпискиот комитет на Грција.

Олимпискиот оган ќе биде запален на 16 април на традиционлна церемонија во древната Олимпија, родното место на античките спортски игри.

Олимписката штафета потоа во следните 11 денови ќе мине низ копнениот дел на Грција и седум нејзини острови со помош ан 600 носители на факелот пред да им биде предаден на организаторите во Париз на 26 април.

Олимпискиот факел на француските организатори ќе им го предаде освојувачот на сребрениот олимписки медал во ватерполо Јоанис Фунтулис. ег/ссм/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан