• петок, 21 март 2025

Избран нов претседател на МОК во првиот круг

Избран нов претседател на МОК во првиот круг

Атина, 20 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Кристоф Де Купер објави дека новиот претседател на организацијата е избран на седницата во првиот круг на гласање и дека наскоро ќе биде објавено неговото име.

144-та сесија на МОК се одржува во Атина од 18 до 21 март 2025 година. Пренесувањето на овластувањата од досегашниот претседател Томас Бах на новиот претседател на МОК ќе се случи на 24 јуни.

Меѓу кандидатите за претседател на МОК се шефот на Меѓународната атлетска федерација Себастијан Коу, шефот на Меѓународната велосипедска унија Дејвид Лапартјан, првиот човек на Меѓународната федерација за скијање и сноуборд Јохан Елиаш, потпретседателот на МОК Хуан Антонио Самаранч Јуниор, Принцот на Јордан Фејсал Ал-Хусеин, членот на МОК Кирст Ковентри и Моринари Ватанабе од Гимнастичката федерација. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан