• петок, 22 ноември 2024

Изборниот ден во Црна Гора го следат 100 набљудувачи на ОДИХР

Изборниот ден во Црна Гора го следат 100 набљудувачи на ОДИХР

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - Изборниот ден во Црна Гора го следат 100 набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), изјави шефицата на мисијата Нина Суомалаинен.

Таа пред гимназијата „Иван Ускоковиќ“ изјави дека мисијата на ОБСЕ/ОДИХР веќе неколку недели е во Црна Гора и дека ги набљудувале подготовките за изборите, како политичките партии се однесуваат во подготовките и како медиумите ги следеа изборите и кампањите.

„И денеска е последниот ден што го вклучува сето тоа, денеска ги набљудуваме изборите и ќе ги дадеме нашите препораки поврзани со законодавството и другите сегменти поврзани со набљудувањето“, рече Суомалаинен.

Таа рече дека 100 набљудувачи на ОДИХР се распоредени на различни места.

„Тие набљудуваат сè, како започна изборниот ден на избирачко место, како течат изборите, што се случува и дали има некакви проблеми“, рече Суомалаинен.

Таа додаде дека сето тоа го бележат, пополнуваат одредени прашалници кои се исти за сите учесници во набљудувањето, а подоцна заедно ги разгледуваат резултатите и подготвуваат препораки.

Суомалаинен изјави дека утре на прес-конференција, кога ќе бидат достапни сите податоци, ќе ги презентира своите наоди. паг/

Фото: МИНА

Остани поврзан