• петок, 22 ноември 2024

Изборната комисија на Камбоџа објави дека партијата на премиерот Хун Сен е победник на изборите

Изборната комисија на Камбоџа објави дека партијата на премиерот Хун Сен е победник на изборите

Пном Пен, 5 август 2023 (МИА) - Националната изборна комисија на Камбоџа денеска објави дека Камбоџанската народна партија, предводена од долгогодишниот премиер Хун Сен, победила на општите избори на 23 јули, објавија локалните медиуми.

Во долгонајавуваниот потег, Хун Сен, кој владее со земјата 38 години, на 27 јули објави дека ќе се повлече од премиерската функција на крајот на овој месец и ќе му ја предаде премиерската функција на својот најстар син Хун Манет, началник на Армијата, пренесе Бета.

Промената во политичкото раководство во Камбоџа доаѓа по изборите за кои западните земји и организациите за човекови права оценија дека не се ниту слободни, ниту фер.

Европската унија соопшти дека гласањето „се спроведе во ограничен политички и граѓански простор каде што опозицијата, граѓанското општество и медиумите не беа во можност да функционираат ефективно и непречено“.

Во своето прво постизборно појавување во четвртокот, на инаугурацијата на новата влада, Хун Сен рече дека планира да го номинира Хун Манет за следен премиер по објавувањето на конечните резултати на изборната комисија.

По тој повод рече дека Народното собрание ќе заседава на 21 август, а утредента ќе го потврдат новиот државен врв.

фото: ЕПА

Остани поврзан