• недела, 22 декември 2024

Избегнал смртна казна, но почина од коронавирусот

Избегнал смртна казна, но почина од коронавирусот
Лос Анџелес, 30 декември 2020 (МИА) - Затвореник кој избегна смртна казна во 2009 година, најверојатно починал од компликации предизвикани од коронавирусот, соопштија од затворот каде што тој ја издржуваше казната. Ромел Брум (64) ja преживеал самата егзекуција со смртоносна инјекција пред 11 години. Тој сега, најверојатно, имал Ковид-19 и бил на списокот на  можните заразени во затворот, како што изјави гласноговорничката на установата, Сара Френч. Брум бил осуден на смрт за силување и убиство на Трејн Мидлтон (14), која тој ја киднапирал во Кливленд 1984 година, додека се враќала дома од спортски настан. Властите во Охајо (САД) соопштија и дека 124 затвореници во таа сојузна држава починале од коронавирусот.  си/

Остани поврзан