• среда, 24 јули 2024

ИДФ: Најмалку 169 израелски војници убиени во борбите со Хамас

ИДФ: Најмалку 169 израелски војници убиени во борбите со Хамас

Ерусалим, 11 октомври 2023 (МИА) - Најмалку 169 израелски војници се убиени досега во борбите со Хамас - четири дена по масовниот напад на исламистичката група врз Израел, соопшти денеска израелската армија.

„Ги информиравме семејствата на 169 војници убиени во акција“, изјави портпаролот на израелските вооружени сили Даниел Хагари.

Тој додаде дека израелските власти контактирале и со семејствата на 60 лица кои sе заробени и однесени во Газа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан