• сабота, 21 декември 2024

ИДФ нареди евакуација на дваесетина либански погранични населби

ИДФ нареди евакуација на дваесетина либански погранични населби

Тел Авив, 1 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија денеска нареди евакуација на речиси дваесет либански погранични населби.

Наредбата доаѓа само неколку часа откако Израел испрати копнени сили во јужен Либан во, како што ја нарече, ограничена операција против милитантите на Хезболах.

Наредбата за евакуација, издадена од портпаролот на израелската армија на платформата X, прецизираше дваесетина населби во јужен Либан, а со неа им се наредува на тамошните жители да се евакуираат северно од реката Авали, на околу 60 километри од границата.

Тоа е далеку од реката Литани, која ја означува северната граница на зоната одредена од ОН, која требаше да дејствува како тампон меѓу Израел и Хезболах по војната во 2006 година, пренесуваат американските медиуми.

Реката Литани се наоѓа на околу 32 километри северно од границата меѓу Либан и Израел.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан