• петок, 05 декември 2025

ИДФ издаде предупредување за напади врз Хезболах во два либански града

ИДФ издаде предупредување за напади врз Хезболах во два либански града

Тел Авив, 19 ноември 2025 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредување до жителите на два града во јужен Либан, Деир Кифа и Шехур, пред планираните воздушни напади врз инфраструктура на Хезболах.

Портпаролот на ИДФ, Авичај Адреј, рече дека нападите ќе бидат насочени кон воената инфраструктура што ѝ припаѓа на терористичката организација Хезболах, како одговор на наводните обиди на групата да ги обнови активностите во регионот, јави Тајмс оф Израел.

ИДФ објави мапи со локациите што ќе бидат цел на нападите, нагласувајќи дека жителите мора веднаш да се евакуираат од наведените области поради нивна безбедност.

Претходно, во израелски воздушен напад врз автомобил во селото Тири во јужен Либан загина едно лице, а 11 беа повредени, вклучувајќи ученици кои биле во блискиот училишен автобус, соопштија денеска либанските официјални лица.

Нападот се случи неколку часа откако израелски дрон го погоди палестинскиот бегалски камп Еин ел-Хилве, при што загинаа 13 луѓе. јт/

Остани поврзан