• четврток, 26 март 2026

Идниот германски канцелар ја налути Москва со коментарите за мостот на Крим

Идниот германски канцелар ја налути Москва со коментарите за мостот на Крим

Москва, 14 април 2025 (МИА) – Идниот германски канцелар Фридрих Мерц предизвика остри критики од Москва со тоа што сугерираше дека уништувањето на рускиот мост до анектираниот украински полуостров Крим може да помогне во воените напори на Киев.

„Размисли двапати, нацист“, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев на Х.

Во интервју за германската јавна телевизија АРД во неделата, Мерц рече дека украинската војска треба да излезе од дефанзива и сугерираше дека уништувањето на мостот – најважната врска од Русија до Крим – може да помогне.

Мерц, исто така, ја повтори својата долгогодишна отвореност за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел Таурус во Украина.

- Кандидатот за канцелар Фриц Мерц е прогонуван од сеќавањето на неговиот татко, кој служел во хитлеровите Вермахт. Сега Мерц предложи напад на Кримскиот мост. Размисли двапати, нацист!, напиша Медведев на Х.

Киев постојано повторува дека сака да го бомбардира мостот, потег против кој Москва сериозно предупредува.

Мерц треба да биде назначен за германски канцелар на почетокот на мај, откако неговиот централно-десничарски блок победи на парламентарните избори во февруари. јт/

Остани поврзан