• четврток, 21 ноември 2024

Идната недела состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем

Идната недела состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем

Скопје, 9 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина од идната недела да се одржи состанок со Македонската банкарска асоцијација за унгарскиот заем. Тој, како што изјави денеска, ќе настојува да присуствува на состанокот „за да го каже тоа што мисли дека треба да го каже“.

Одговорајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на три делници кај Велес, Мицкоски нагласи дека компаниите нема да имаат поголем трошок од оној што веќе бил кажан.

Според премиерот, есенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките.

-Компаниите нема да имаат поголем трошок од тој што го кажавме. Министерката е на пат за Скопје, денеска се враќа од Брисел каде имаше серија состаноци. Но, важно е да се каже дека откако ќе дојде, очекувам во текот на следната недела, во втората попловина, да имаме состанок со Македонската банкарска асоцијација. Ќе инсиситрам и јас да бидам таму, да го кажам тоа што мислам дека треба да го кажам, рече Мицкоски.

Пред три дена, премиерот во изјава за медиумите рече дека парите од унгарскиот заем се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Домашните компании, подвлече и тогаш Мицкоски, ќе ги добијат средствата под истите услови под кои беа земени. мч/сст/

фото: принт скрин

 

 

Остани поврзан