• понеделник, 28 октомври 2024

Ивановски подобар од Табако на турнирот во Австрија

Ивановски подобар од Табако на турнирот во Австрија
Котинбрун, 26 јули 2022 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски го совлада Италијанецот Фаусто Табако на турнирот во Котинбрун во Австрија. Со победа од 2-1 во сетови (4-6, 6-3 и 6-3) Ивановски се избори за осминафинале на турнирот во Австрија. Следен противник на Ивановски е Андреа Гуериери од Италија. Македонскиот тенисер на турнирот настапува и во двојки заедно со Адам Јурајда од Чешка. ар/сп/

Остани поврзан