• недела, 14 јули 2024

Ибрахимовиќ не сака да ја продолжи кариерата во Милан на административна функција

Ибрахимовиќ не сака да ја продолжи кариерата во Милан на административна функција

Милано, 12 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ не сака да остане во клубот на административна позиција, тврди италијанскиот новинар Николо Шира.

 

Ибрахимовиќ не е задоволен од случувањата во Милан со промените во раководството за смета дека би можеле да доведат до финансиска нестабилност.

 

Четириесет и едногодишниот Ибрахимовиќ најави пензионирање по натпреварот од 38. коло на италијанскиот шампионат против Верона (3:1).

 

Напаѓачот играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес галакси.

 

Во текот на кариерата пет пати стана шампион на Италија, четири пати го освои францускиот шампионат, двапати стана шампион на Холандија и еднаш - шампион на Шпанија.

 

Фудбалерот ја освои и Лигата на Европа, Купот на Холандија, Суперкупот на Холандија, Италија, Шпанија и Франција, Лига купот на Англија и Лига купот на Франција. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан