• недела, 22 декември 2024

Зухри по атентатот врз Ханија: Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим

Зухри по атентатот врз Ханија: Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим

Газа, 31 јули 2024 (МИА) - Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим, за што е подготвен да ја плати цената, изјави денеска портпаролот на палестинската група Саму Аби Зухри по убиството на нејзиниот лидер Исмаил Ханија во Техеран.

Абу Зухри го опиша убиството на Ханија како „сериозна ескалација“ и посочи дека сторителите нема да ги постигнат своите цели, пренесоа британските медиуми.

Ал Зазира го пренесува соопштението на Хамас во кое се наведува дека Ханија бил убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.

Иранската револуционерна гарда утринава соопшти дека Ханија и неговиот телохранител биле убиени во Техеран, каде лидерот на Хамас присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Засега никој не ја презеде одговорноста за убиството, но се сомнева дека зад убиството стои Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие лидерите на Хамас за нападот на групата на 7 октомври, наведуваат американските медиуми.

Израел засега не излезе со никаква изјава за убиството, што е често случај кога станува збор за атентати извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад, наведуваат американските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан