• недела, 22 декември 2024

ЗНМ: Спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо

ЗНМ: Спречувањето на новинарите да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо

Скопје, 11 септември 2024 

- Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на опструкцијата и попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја вршат својата работа од страна на неодговорни поединци, жители на селото Галате, општина Врапчиште.

Според информациите кои пристигнаа до ЗНМ од страна на колегите новинари и медиумски работници, денеска при земање на изјави и снимање на инсерти екипите на ТВ АЛСАТ и ТВ21 биле вербално нападнати и спречени да ја извршат својата професионална работа на јавен простор.

Денешниот случај е пријавен во полиција.

Сакаме јасно да истакнеме дека односот кон новинарите и медиумите кои работат на терен е од особена важност за слободата на информирање и изразување во демократското општество.

Очекуваме дека ќе има брза истрага за инцидентот со цел одговорните да сносат последици, а воедно да се спречат и демотивираат вакви инциденти во иднина.

Укажуваме дека попречувањето на новинарите и медиумските работници да ја извршуваат својата професионална задача е неприфатливо и придонесува кон цензура.

ЗНМ

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива 

Остани поврзан