• понеделник, 23 декември 2024

ЗНМ: Претставка до Судски совет за повреда на правото Кристијан Ландов да известува од судско рочиште

ЗНМ: Претставка до Судски совет за повреда на правото Кристијан Ландов да известува од судско рочиште
Скопје, 16 ноември 2022 
Почитувани,
Новинарот Кристијан Ландов минатата недела бил спречен да ја врши својата новинарска должност додека бил во Граѓанскиот суд во Скопје, каде што бил присутен како јавност на закажаната главна расправа.По започнувањето на расправата новинарска екипа на „Макфакс“ и „А1он“ била вербално нападната од судијката Наташа Тодорова, со закана која може да се протолкува исклучиво како обид за цензура и попречување при вршење на новинарската професија. Откако започнала судската расправа, судијката го легитимирал колегата Ландов како новинар, му ја побарал новинарската легитимација и откако било утврдено дека е уредно издадена од работодавачот, седнал во делот определен за јавност. Кога судијката завршила со евидентирање на останатите присутни, без било какво објаснување со висок тон му ги упатила зборовите: „Што правите вие? Соберете тоа лаптопот, одма! Да не ви го одземам и да го носам кај претседателот на судот. Собирајте тоа, не може“.Ландов појаснил дека лаптопот не снима и нема таква можност, туку го употребува само за пишување забелешки од судењето со вел да се избегнат интерпретации кои нема да одговараат со тоа што навистина се случувало. Судијката, без објаснување повторно се обратила со висок тон со зборовите: „Нема што вие да фаќате забелешки, судот води записник, не вие. Собирајте се!“.На овој начин колегата Ландов бил спречен да ја изврши својата новинарска работа. Здружението на новинарите на Македонија го осудува крајно непрофесионалното однесување на судијката Наташа Тодорова во Граѓанскиот суд во Скопје кон колегата Ландов. Сметаме дека оваа постапка е несоодветна и претставува обид за цензура.Очекуваме од Судскиот совет до кој од новинарот Ландов, помогнат од ЗНМ, беше доставена претставка во име на колегата Ландов, да преземе мерки кон неодговорната судијка со цел да не дозволи ваква непримерна комуникација во иднина но и да ги заштити правата на новинарите. Со почит,Здружение на новинарите на Македонија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан