Златната топка ќе биде доделена на 30 октомври, номинираните ќе бидат објавени на 6 септември
- Објавен е датумот на церемонијата на доделување на Златната топка.

Париз, 9 јуни 2023 (МИА) - Објавен е датумот на церемонијата на доделување на Златната топка.
Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ќе го објави името на најдобриот фудбалер во светот на крајот од сезоната 2022/23 на 30 октомври за време на специјална церемонија во театарот „Шателе“ во Париз.
Имињата на номинираните ќе бидат објавени на 6 септември.
Во 2022 година, Златната топка ја прими напаѓачот Карим Бензема, кој играше за Реал Мадрид.
Од 2022 година наградата се доделува врз основа на резултатите од сезоната, а не според календарската година. зс/
Фото: ЕПА