• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Света Гора на третиот крак на Халкидики

Земјотрес со јачина од 5,3 степени во близина на Света Гора на третиот крак на Халкидики

Атина, 7 јуни 2025 (МИА) – Во морскиот дел на девет километри северозападно од Кариес на Света Гора на третиот крак на Халкидики, кусо пред 16 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени, јави дописничката на МИА од Атина.

Засега нема информации за евентуална штета предизвикана од земјотресот, а бил почувствуван на трите краци на Халкидики, но и во Солун. ср/

Остани поврзан