• недела, 21 јули 2024

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди северен Авганистан

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер го погоди северен Авганистан

Кабул, 18 февруари 2024 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска северната авганистанска провинција Балх.

Според Геолошкиот институт на САД (USGS), земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Хаџи Заид, портпарол на гувернерот на Балх, изјави дека засега нема извештаи за жртви или причинета материјална штета. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан