• недела, 08 март 2026

Земјотрес почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга, епицентарот во Грција

Скопје, 8 март 2026 (МИА) - Рано утринава, во 4 часот и 32 минути, во западните и југозападни делови на Републиката, во Дебар, Кичево, Охрид, Ресен и Струга беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Грција, на околу 200 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.5

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математички факултет - Скопје соопшти дека интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала. дма/сст/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан