• сабота, 27 јули 2024

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Азербејџан

Земјотрес од 5,6 степени го погоди Азербејџан

Бaку, 7 декември 2023 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени го погоди денеска Азербејџан, објави Републичкиот сеизмолошки центар на Азербејџан на официјалната веб-страница.

Претходно Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар извести за земјотрес со епицентар во Каспиското Море и јачина од 5,7 степени, а како што пренесува РИА Новости, земјотресот бил почувствуван и во Баку и во други градови на Азербејџан.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар извести за земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала во Каспиското Море, со епицентар на 62 километри северозападно од азербејџанскиот град Сумгаит со население од околу 265.000 жители. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан